Бразилската јавност е потресена по веста за смртта на 56-годишна жена која им подлегнала на тешките изгореници здобиени во инцидент во кој бил вмешан нејзиниот сопствен син.
Според информациите од полицијата, при рутинска контрола бил запрен 33-годишен маж кој управувал мотоцикл без регистарски таблички. Полицајците се обиделе да го запленат возилото, по што тој накратко се оддалечил од местото на настанот.
Меѓутоа, мажот се вратил по кратко време носејќи канистер со бензин. Тој го полеал моторциклот со запаллива течност и го запалил. Во тој момент неговата мајка се обидела да интервенира и да го спречи, но огнот брзо ја зафатил и ѝ нанел тешки повреди.
И покрај лекарската грижа и хоспитализацијата, жената починала од последиците на изгорениците. Синот подоцна бил уапсен и против него се води постапка за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои и обид за убиство и подметнување пожар.
Веста ја пренесува Hypetv.hr
