Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека 19-годишна девојка била повредена по напад од кучиња скитници во Гостивар.
Инцидентот се случил околу 08.50 часот кога девојката се движела по улица „101“ и била нападната од група кучиња.
Таа се обидела да се спаси и избега од кучињата скитници, но паднала при што се здобила со тешки телесни повреди.
