На 2 мај 2026 година околу 14:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило од марката „Хјундаи“ со скопски таблички, управувано од 55-годишен скопјанец, и електричен тротинет „Шаоми“, кој го управувала 14-годишна девојка.
Во незгодата девојчето се здобило со повреди, по што биле преземени соодветни мерки. По насока на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Веста ја пренесува 24info.mk
