Фото: Đorđe Mijatović
Во попладневните часови на 26 мај 2024 година во белградска населба Вождовац се случи трагедија која ја потресе цела Србија, пишува „Курир.рс“.
Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на потпретседателот на Владата на БиХ, бил до смрт претепан додека се обидувал да го заштити својот син од малтретирање од тинејџери.
Мијатовиќ добил повеќе удари во глава за време на нападот од малолетници, тогаш имале по 16 и 17 години, кои долго време правеле проблеми во околината.
Мијатовиќ починал за време на реанимација, откако претходно добил шест удари во главата и му напукнал черепот.
„Хулиганите му ја земаа топката на детето и ја шутираа. Дојде татко му кој им кажа да го остават на мир, а тие го нападнаа и му скокаа на глава и го шутираа“, открива сведок на трагичниот настан.
