Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Врховниот суд: Камчев без право на надомест од „Рекет“!

Gladiator 02/05/2026

Врховниот суд донесе одлука со која се отфрла барањето на бизнисменот Јордан Камчев за надомест од 1,5 милиони евра во граѓанската постапка поврзана со случајот „Рекет“. Судот оцени дека тој не може да се третира како оштетена страна.

Според информациите објавени од Призма.мк, петчлениот судечки совет утврдил дека не постои правна основа Камчев да ги побарува средствата што ги дал, и покрај тоа што преку својот адвокат Александар Михајловски поднел барање за ревизија на претходните одлуки со кои тужбата му била одбиена.

Во 2022 година, Камчев поднесе тужба против Катица Јанева, Бојан Јовановски, Зоран Милевски и поранешното Специјално јавно обвинителство, барајќи враќање на парите за кои тврдеше дека биле дадени како рекет. Подоцна, тој се повлече од постапката против Милевски.

Во образложението, судот наведува дека тужителот влегол во, како што се посочува, „морално недозволен договор“ со тужените, со цел да си ја подобри позицијата во предметот „Империја“, па затоа нема право на обештетување.

Во пресудата се потенцира дека кога двете страни постапуваат несовесно, ниту една нема право да бара враќање на даденото.

Судот исто така оценил дека со исплатата на средствата Камчев сторил кривично дело поврзано со незаконито влијание, нагласувајќи дека евентуално обештетување би го довело во прашање интегритетот на правосудниот систем.

Дополнително, утврдено е дека дел од побарувањето, кое се однесува на околу 500 илјади евра наводно дадени на Јовановски, не е поткрепено со соодветни докази. Воедно, судот констатирал дека Камчев не бил директен сведок за наводната исплата кон Јанева.

Со одлуката, Камчев е задолжен да ѝ надомести на Јанева 52 илјади денари за трошоци поврзани со постапката по ревизијата.

Оваа пресуда ја потврдува и претходната одлука на Граѓанскиот суд, донесена од судијата Андреј Димовски.

Веста ја пренесува Skopje1mk.

Tags: Бојан Јовановски Камчев рекет суд

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Заложник на системот: Ива од Кочани чека спас надвор од границите!
Next: Грците ветуваат: Ќе го суспендираат ЕЕС, но само за овие туристи

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

10/08/2026
Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026
(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.