Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека цените на горивата во државава се пониски во однос на регионот.
Владата продолжува со мерки за да го заштити стандардот на граѓаните, а премиерот Мицкоски откри какви цени се очекуваат од следната недела.
„Имаме убедливо најниски цени на горива, односно од 30 до 50 отсто поевтини од горивата во соседството. Остануваме на мерката за намалено ДДВ. Исто така остануваме и на мерката за намалени акцизи. Просекот што е на PLATTS FOB Италија за бензините ќе значи намалени акцизи за 2 денари по литар, а за дизел по 4 денари за литар. Очекувам од понеделник горивата да бидат поевтини“, објави Мицкоски.
