Фото: Принтскрин
Едно лице е приведено од полициски службеници на граничниот премин Табановце, затоа што земало над 88.000 евра откако лажно ветило лекување во странство.
„Приведен осомничен за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство. Денеска (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп.
По претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово и Одделот за специјални полициски операции, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот.
Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда лице од Валандово, прикажувајќи лажни факти дека ќе помогне во организирање лекување во странство за неговата сопруга.
На тој начин, оштетениот во повеќе наврати уплатил вкупно околу 88.300 евра (5.549.200 денари), во меѓувреме, неговата сопруга починала.
Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија, при што му е изречена мерка за претпазливост“, соопшти МВР.
