Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека неговата администрација идната недела ќе ги зголеми царините на автомобили и камиони од Европската унија (ЕУ) за 25 отсто.
Станува збор за нов потег кој ќе ги заостри трговските односи меѓу САД и ЕУ во секторот на автомобилската индустрија.
„Мило ми е што ќе објавам дека, поради тоа што ЕУ не го почитува нашиот договорен трговски договор, идната недела ќе ги зголемиме царините кои ги наплаќаме за автомобили и камиони. Истите ќе изнесуваат 25 проценти“, објави Трамп.

