Дете кое си играло во двор исчезнало без трага во Србија откако во еден момент му рекло на својот брат дека „многу му се спие“, а потоа излегло од дворот и заминало по улицата во непознат правец.
На терен има голем број полицајци и во тек е интензивна потрага, но детето сè уште не е пронајдено. Жителите се вознемирени, а полицијата апелира секој што има информации веднаш да пријави.
