На 28 април 2026 година, околу 18:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус од марката „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на приватен превозник.
Според информациите, автобусот, кој сообраќал на градската линија број 12 и бил управуван од 61-годишниот Б.А. од селото Грчец, удрил во 81-годишна жена од Скопје, со иницијали Р.С.
Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле утврдени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, информираат од МВР.
На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
