Фото: Јане Ченто
Еден од осудените за „27 април“, Јане Ченто објави статус на социјалните мрежи во кои раскажа за тешките моменти низ кои морал да помине, но посочи дека нема да се предаде и ќе се бори за правда.
„Јас сум горд на себе после се што издржав. Поминав низ најтешките моменти во животот. Сам. Имаше денови кога не знаев дали ќе останам жив…после се што ми правеа и психички и физички. Не се скршив. Секој притисок ме правеше посилен да не се предадам. Пред некој ден се сретнав со поранешен командир од Шутка. Ме погледна и ми рече: „Тешко тебе што ти правеа… Кога ќе треба, ќе дојдам и ќе кажам се.“ Тогаш сфатив уште еднаш, вистината не умира. Може да се крие, може да се оттурнува… но секогаш наоѓа пат да излезе. Јас не се борев за поени. Не се борев за слава. Се борам затоа што знам што значи неправда. Затоа што го почувствував на своја кожа. И затоа што не сум сам, има многу луѓе кои поминаа низ истото. Монтирани процеси. Притисоци. Неправда. Но не успеаја да ми го земат, достоинството, вербата и силата да продолжам. Не успеаја да ме скршат. И нема ни да ме скршат. И нека е јасно: ЈАС НЕ ЗАБОРАВАМ. НО И НЕ СЕ ПРЕДАВАМ“, напиша тој.
