Фото: Принтскрин
Обвинителката Адела Бојчевиќ побара од Судот да изрече максимална казна за Стојанче Јовановски, кој е обвинет во случајот со неговата сопруга Ивана и ќерката Катја кои паднаа од балкон.
Јовановски е обвинет за три кривични дела за трагедијата која се слчучи на 2 март, односно тој се товари за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.
„Ивана верувала дека единствен начин да ја заштити Катја од насилството на таткото е да ја земе со себе. Нејзиниот избор бил резултат на очај по активирање на двете најчувствителни точки: детето и кровот над главата“, кажа обвинителката.
