Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека процесот поврзан со „27 април“ претставувал политички креиран случај од страна на претходната власт. Според него, во рамки на постапката, одредени лица биле неправедно етикетирани како терористи, иако, како што тврди, не станува збор за такви дела.
Тој посочи дека дел од обвинетите навистина извршиле одредени прекршувања и за нив требало да сносат одговорност, но нагласи дека тие дејствија не требало да се квалификуваат како тероризам.
Веста ја пренесува Телма.мк
