Фото: Принтскрин
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц за „Канал 5“ изјави дека неговото интервју кое се појави во медиумите за бугарската телевизија е снимено пред повеќе од месец ипол.
„Интервјуто е од пред повеќе од седум недели и ја покажува проценката на почетокот на март. Мислам дека не е професионално, бев изненаден што е објавено дури сега. Изгледа има некоја агенда зад тоа“, кажа Вајц.
Вајц во изјавата за „Канал 5“ кажа дека Македонија сега бележи напредок, а тоа може да го погледнете ТУКА.
