Фото: Принтскрин
Сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко побара да биде пуштен од притвор, а на тоа бурно реагираа родителите на загинатите во пожарот во дискотеката.
Родителите реагираа бурно на зборовите на адвокатката на Јованов, Билјана Коцевска, која кажа дека судот треба да „покаже човечност и хуманост“ поради здравствената состојба на обвинетиот.
„Срамота… Пуштете го ние ќе му пресудиме“, реагираа родителите, по што добија предупредување од судијката Диана Груевска-Илиевска.
