Фото: Принтскрин
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на неговиот профил на социјалните мрежи објави порака упатена кон премиерот Христијан Мицкоски.
„Мицкоски денеска повторно зборува за името. Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат. Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето на вистината“, објави Филипче.
Мицкоски денеска повторно зборува за името.
— Venko Filipce (@VFilipche) April 27, 2026
Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор а нас нè нарекуваше предавници.
Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот…
