Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека очекува нови цени на горивата од денеска, односно дизелот да поевтини за 2 до 2,5 денари, како и мало поскапување на бензините.
„Ние сме една од ретките земји која успеа да го задржи нивото на пристојни граници. Очекувам дизелот да поевтини за 2 до 2,5 денари зашто таков беше просекот на плац во Флоп Италија што за нас претставува репер берза“, кажа премиерот.
Мицкоски најави дека стапката на ДДВ од 10 отсто продолжува да важи и понатаму.
