Фото: Принтскрин
Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека 27 април 2017 година бил „најмрачен ден во поновата историја на Македонија“.
Спасовски објави дека лица влегле во македонскиот парламент и ги нападнале пратениците и институциите. Тој посочи дека вакви настани во иднина не смеат да се повторат.
