Фото: Принтскрин
Доналд Трамп изјави дека имал „добри разговори“ со претседателит на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
„Работиме на ситуацијата меѓу Русија и Украина и се надеваме дека наскоро ќе успееме во намерата“, кажа Трамп во интервју за „Фокс Њуз“.
Трамп не сакаше да открие кога последен пат разговарал со Путин.
„Разговарав со него и со Зеленски и тоа се добри разговори“, кажа Трамп.
