Фото: Igor MC Jakimovski
Дарио Ивановски продолжува да реди успеси, откако триумфираше на полумаратонот во Дубровник, Хрватска.
Тој доминираше на патеката долга 21 километар и низ целта помина со време од 1:06:30, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе. Второто место му припадна на Силвије Томац со резултат 1:14:05, додека трет заврши Жељко Цота со време 1:14:23.
Ивановски со оваа победа уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и продолжува со серијата импресивни настапи.
