Во Гостивар е отворена истрага против 28-годишен маж, вработен во основно училиште, по сомнежи за злоупотреба на малолетно лице преку интернет комуникација. Според првичните информации од истрагата, тој воспоставил онлајн контакт со 14-годишно девојче, по што случајот е пријавен до надлежните институции и се води кривична постапка.
Осомничениот се товари за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба на малолетници и незаконско постапување со приватни материјали. Случајот бил пријавен од родител, по што полицијата презела мерки и го идентификувала осомничениот, а истрагата продолжува согласно законските процедури.
Веста ја пренесува Zboruvaj.mk
Видеото може да го погледнете тука!
