Трговскиот центар Сити мол во Скопје е подложен на евакуација по дојава за поставена експлозивна направа. Дојава за закана била упатена преку електронска пошта до Министерството за внатрешни работи. Полицијата веднаш реагирала и излезе на терен за извршување на проверки. Според информациите од МВР, примена е порака со сериозна закана за присуство на експлозивни направи во Сити мол. Во моментов се преземаат сите потребни мерки за потврдување на наводите, а полицијата е ангажирана и во други трговски објекти. До овој момент, нема дополнителни детали за случувањето.
Веста ја пренесува 24info.mk
Видеото може да го погледнете тука!
