Фото: Принтскрин
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави на социјалните мрежи дека се излекувал од рак на простата.
Нетанјаху тврди дека денес живее здрав живот и се наоѓа во одлична физичка состојба.
Извештајот за здравствената состојба требало да биде готов пред два месеци, но тој барал да се одложи.
„Тоа го направив за да не му се даде повод на иранскиот терористички режим да шири лажна пропаганда“, кажа Нетанјаху.
