Фото: Принсткрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави детали за несреќата која се случи во Кисела Вода.
„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници“, информира МВР.
Според соопштението, две лица се извлечени, додека во тек е акција за вадење на третото лице.
„Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, соопшти МВР.
