Во јужниот дел на Италија, во градот Катанцаро, се случи тешка семејна трагедија во која животот го загубија три лица, а едно дете е во критична состојба.
Според првичните информации од истрагата, 46-годишна жена паднала од балкон на третиот кат заедно со своите три деца. Настанот се случил во станот каде во тој момент, според извештаите, нејзиниот сопруг спиел и не забележал ништо сè додека не слушнал бучава од улицата.
Кога излегол надвор, се соочил со сериозно вознемирувачка сцена, пренесуваат италијанските медиуми.
Жената и две од децата – четиригодишно дете и бебе – починале на местото на настанот. Третото дете, шестгодишно девојче, е пренесено во болница и се наоѓа во критична состојба.
Полицијата и истражните органи работат на целосно разјаснување на околностите, а се проверуваат и снимки од надзорни камери за да се утврди точниот тек на настанот.
Веста ја пренесува Adria_tv.
