Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека Владата има јасна позиција за иднината на државата, а тоа е членство во Европската унија (ЕУ).
Мицкоски, сепак, вели дека предизвикува фрустрација самата билатерализација на процесот затоа што Македонија досега се откажала од многу работи, но повторно ѝ се поставуваат услови.
„Нашата позиција како Влада е јасна, иднината на Македонија е во ЕУ. Но тоа што ги фрустрира македонските гражани е процесот на билатерализација на пристапните преговори. Овој процес го почнавме пред 26 години. Сепак, билатералните прашања во овој процес за нас се претворија во приказна без крај. Сменивме знаме, банкноти, Уставот и името. Зарем има втор пример во Европа што направил нешто како нас во име на европските интеграции? Втор пример нема. И повторно бараат од нас промена на Устав“, кажа Мицкоски.
