Европската Унија разгледува можност за воведување на санкции кон Израел, како одговор на актуелните случувања на Блискиот Исток.
Францускиот министер за надворешни работи најави дека мерките, кои подолг период беа блокирани поради ставот на Унгарија, би можеле наскоро да добијат зелено светло, особено по најновите политички промени во Будимпешта.
Санкциите, според досегашните информации, би биле насочени кон поединци и организации кои се поврзуваат со насилство врз Палестинците. Во Брисел се засилуваат предупредувањата дека Европската Унија нема долго да остане пасивна доколку не дојде до промена во политичките активности на терен.
Веста ја пренесува Infomax.mk
