Дарел „Плант“ Томас, сопственик на авто-пералница од Источен Детроит, почина на 58-годишна возраст по долга борба со Алцхајмерова болест. Во текот на животот бил познат како исклучително дарежлив човек и личност која постојано им помагала на другите.
Неговите синови решиле да ја исполнат неговата последна желба на необичен и емотивен начин. За време на погребната церемонија, од хеликоптер биле фрлени околу 5.000 долари во готовина, заедно со ливчиња од рози. Настанот предизвикал застој во сообраќајот, додека присутните се обидувале да ги соберат парите што паѓале од небото.
Федералната администрација за воздухопловство започнала истрага за целиот случај, иако засега не се очекува покренување на кривични постапки.
И покрај неочекуваниот хаос, погребот останал достоинствен. Неговиот син изјавил дека неговиот татко бил вистинска легенда во заедницата и дека ова било нивниот начин да го оддадат последниот почит и да ја продолжат неговата навика да им помага на луѓето околу него.
Веста ја пренесува Natockovima.official
