Фото: Принтскрин
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте во Анкара кажа дека воениот сојуз ќе направи сè што е потребно за одбрана на Турција, кон која минатиот месец беа испалени четири ирански ракети.
„Иран сее страв и хаос, а тоа се чувствува и во Турција. Во последните недели беа пресретнати четири ирански балистички ракети кои летаа кон Турција“, потсети Руте.
„НАТО е подготвен за такви закани и секогаш ќе ја брани Турција и сите земји членки на сојузот“, додаде секретарот.
