Фото: СОУ Гимназија "Славчо Стојменски" Штип
Ученикот во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ во Штип, Даниел Христов ја израдува македонската јавност со неговиот успех во Москва.
Даниел освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде што се соочуваат најдобрите млади хемичари.
„Овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди“, велат од гимназијата.
