Фото: Принтскрин/УтринскиБрифинг
Новинарката Гордана Дувњак почина по долго боледување, а веста ја објави нејзиниот син Мартин Дувњак.
Дувњак ја почна кариерата во 1988 година во Македонска радио-телевизија, по што беше дел од „Нова Македонија“ од 1991 до 1999 година, по што имаше ангажман во „Утрински весник“ од 1999 до 2017 година. Исто така, беше дел од „Макфакс“, „1ТВ“ и „Фокус“.
Погребот ќе се одржи утре во 12 часот на гробиштата во Бутел.
