Фото: Принтскрин
Брза помош реагирала во судницата во Идризово поради влошена здравствена состојба на Дејан Јованов – Деко, кој е обвинет во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“.
Одбраната информриа дека Деко бил опериран пред неколку дена, по што го донеле на судење во лоша здравствена состојба.
Адвокатот на Деко бараше и куќен притвор за Деко поради неговото здравје.
„Пулс“ остави голема трага во Македонија, кога во пожарот во Кочани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
