Фото: Принтскрин
Грција од 18 јуни 2026 година ќе воведе построги правила за опремата во возилата, односно секој автомобил ќе мора да има целосна прва помош која одговара на стандардот DIN 13164:2022.
Новите правила ќе важат за домашните, но и странските возачи, а доколку не ја поседувате опремата ќе си добиете парична казна од 30 евра.
Комплетот, кој го бара Грција, вклучува термално спасувачко ќебе и медицински заштитни маски, како и стерилни завои во различни големини, фластери и друг прибор.
