Фото: Принтскрин
Обвинетиот Стојанче Јовановски ја раскажа својата страна на приказната за 2 март 2026 година, кога неговата сопруга Ивана и ќерката Катја паднаа од балкон.
Јовановски откри дека на денот на трагедијата ја забележал Ивана како излегува од автомобил на Мартин Саздов, па затоа замавнал кон неа.
Тој во судот раскажа што се случувало, според него, за време на трагедијата.
„Слушнав тресок. Мартин почна да вика дека Ивана паднала. Кога го слушнав тоа, се вознемирив и се фрлив пред кола. Потоа се јавив во брза помош со надеж дека се живи. Потоа не се сеќавам, дојде полиција, ми велеа дека се добри“, вели Стојанче.
