Околу петстотини лица од различни делови на светот направиле несекојдневен избор – по својата смрт да бидат криогено зачувани, верувајќи дека науката еден ден ќе овозможи нивно повторно оживување. Поголемиот дел од нив се сместени во специјализирани центри наменети за ваков вид чување.
Откако ќе биде констатирана правната смрт, нивните тела или само мозоци се складираат на екстремно ниска температура од -196°C. Во овој процес, природните течности во телото се заменуваат со посебни раствори, со цел да се избегне формирање на мраз и да се заштитат клетките од оштетување.
Веста ја пренесува Hypetv.mk
