Фото: ChatGPT
Русија не сака да види инвазија, блокада или било каков друг притисок врз Куба, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Куба е долгогодишен партнер на Русија, наш добар пријател и не би сакале да видиме како некоја земја врши инвазија“, кажа Песков.
Песков додаде дека не може да ги коментира гео-политичките цели на САД во светот, со напомена дека тоа се прашања за американскиот претседател Доналд Трамп.
Претходно кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел кажа дека САД нема оправдана причина за воен напад врз нив.
„Ако се случи такво нешто, тогаш ќе има борба“, кажа Дијаз-Канел.
