Фото: Принтскрин
Американското заповедништво потврди дека загубило дрон MQ-4C Тритон на 9 април, а го класифицирало случајот како несреќа класа „А“, односно штета поголема од два милиони долари.
Локацијата на инцидентот не е објавена поради оперативни безбедносни причини, но дронот последен пат е забележан како лета кон Иран.
Дронот кој лета на големи височини е вреден 238 милиони долари и извршувал мисија за поморски надзор над Персискиот залив.
Лансиран бил од база во Италија, а леталото може да помине повеќе од 24 часа на височина до 15.000 метри.
