Драматични сцени биле забележани во средно училиште во градот Сиверек, во југоисточна Турција, кога 19-годишно момче влегло во училишната зграда и започнало да пука, при што биле повредени најмалку 16 лица.
Според првичните информации, напаѓачот бил вооружен со пушка и без конкретна цел пукал низ училишните простории, што предизвикало голема паника меѓу учениците и персоналот. На снимките што се појавија се гледа неговото влегување во објектот, додека во позадина се слушаат врисоци и хаос.
Меѓу повредените има ученици, наставници, како и еден полицаец и вработен во училиштето. Неколкумина се потешко повредени и итно се префрлени во болница, додека останатите добиле лекарска помош во локалните здравствени установи.
По дојавата, на местото пристигнале голем број полициски сили и специјални единици кои ја опколиле школската зграда. Напаѓачот бил неутрализиран за време на интервенцијата и починал на лице место. Според првичните сознанија, тој бил поранешен ученик во истото училиште.
Истражните органи работат на расветлување на случајот, а мотивите за нападот засега остануваат непознати.
Веста ја пренесува Senzor.rs
