Фото: Принтскрин
Вечерва од полноќ горивата ќе имаат нови цени во Македонија, а според прогнозите се очекува да поевтинат.
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, пред неколку дена објави дека се очекува нова одлука од Регулаторна комисија за енергетика со која ќе дојде до намалување на цените на горивата.
Тој посочи дека, според најавите, дизелот би поевтинил за 2,5 денари по литар, додека бензините се очекува да се намалат за околу 1,5 денари.
Ако ваквото сценарио се реализира, малопродажната цена на БС-95 би изнесувала 82 денари за литар, БС-98 би се продавал по 84 денари, додека цената на дизелот би се спуштила на 95,5 денари за литар.
