Фото: Принтскрин
Анкара би можела да преземе воени чекори со цел да го спречи Израел во евентуалното протерување на Палестинците од нивните територии, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесуваат медиумите.
„Како што интервениравме во Карабах и во Либија, подготвени сме да постапиме на ист начин и во овој случај“, нагласи турскиот лидер.
Тој додаде дека, и покрај договорот за прекин на огнот, Израел довел до раселување на околу 1,2 милиони жители од Либан. Според него, неопходно е да се покаже сила за да се спречи слично сценарио да им се случи и на Палестинците.
Веста ја пренесува Pepo.politika
