Сцените што пристигнуваат од Турција изгледаат како кадри од трилер, но за жал станува збор за сурова реалност, каде ученици во страв и паника трчаат, викаат и се обидуваат да се спасат скокајќи низ прозорците додека одекнуваат истрели. Според првичните информации, инцидентот се случил во средно училиште во југоисточниот дел на земјата, кога 18-годишен поранешен ученик влегол во објектот и почнал да пука. Очевидци велат дека напаѓачот не бирал мети, туку пукал кон секого што ќе му се најдел на патот, создавајќи хаос во кој учениците се обидувале да избегаат на сите можни начини – низ ходници, преку дворот, па дури и преку прозорци.
Најмалку 16 лица биле повредени, меѓу нив ученици и наставници, додека напаѓачот, откако бил опколен од полицијата, си го одзел животот. Снимките што се шират на социјалните мрежи прикажуваат моменти на чист ужас – деца како бегаат, се оттурнуваат и бараат излез, додека во позадина се слушаат врисоци и паника, што дополнително ја вознемири јавноста и отвори сериозни прашања за тоа како е можно да се случи ваква трагедија, дали училиштата се навистина безбедни и каде е границата помеѓу игнорирани проблеми и катастрофи што нè разбудуваат.
Особено загрижува фактот што вакви настани се многу ретки во Турција, што ја прави оваа трагедија уште пошокантна, покажувајќи дека понекогаш еден момент е доволен обичен училишен ден да се претвори во борба за опстанок.
Веста ја пренесува Politiko.info
Видеото може да го погледнете тука!
