Фото: Гостилница „Боем“
Гостилницата „Боем“ во Велес имаше уште една успешно завршена акција, откако подели 700 оброци за Велигден.
„Донесе ручек за вработените во службите кои служат на градот Велес 24/7 и во празничните денови. Посетени беа Противпожарна служба – Велес. МВР Велес , општа болница Велес и брзата помош во Велес. Голема благодарност до Црвениот крст од Велес кои се нашиот верен партнер сите години наназад. Оваа година за прв пат имавме млади волонтери од 8 и 9 годишна возраст.
Благодарам до целиот персонал на гостилница Боем и Џуниор парк кои беспрекорно одговорија на предизвикот. И огромно БЛАГОДАРАМ до сите кои помогнавте и дониравте за ова да стане вистина. Христос воскресна“, стои во објавата.
