Владиката новобрдски Иларион изврши крштевање на двајца американски војници стационирани во базата Бондстил, во манастирот Драганац на Косово и Метохија. Информацијата беше споделена на Инстаграм профилот на ТВ Храм, официјалниот медиум на Српската православна црква.
Станува збор за припадници на КФОР, кои биле крстени на Велика сабота и ги добиле духовните имиња Сава и Симеон. Чинот на крштевање бил извршен на англиски јазик.
Одлуката да го прифатат православието ја донеле по повеќекратни посети и учество на богослужби во српските светилишта на Косово и Метохија.
Веста ја пренесува Nacionalni.magazin
