Фото: Принтскрин/социјални мрежи
Жителите на малото село Варварин во Србија се завиени во црно по веста дека пред Велигден загинала младата Наташа во сообраќајка кај Алексинац.
Автомобило во кој била излетал од патот и удрил во бетонски столб околу 4.45 часот, а Наташа го загубила животот.
„Не може да веруваме што се случи. Ја имаа само неа, им беше единствена ќерка… Сега празникот го пречекуваат без нивната ќерка, ова е мало место со 60 куќи, сите се познаваме“, велат потресени жители.

