Фото: Принтскрин
Виктор Орбан ги загуби изборите во Унгарија, а по неговиот пораз се јави Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„ЕАДејли“ ја пренесува неговата изјава по падот на Орбан, а тоа е дека ова ќе го забрза распадот на Европската унија (ЕУ).
„Ова ќе го забрза распадот на ЕУ. Проверете за четири месеци дали сум во право“, напиша Дмитриев.
Објавата на Кирил доаѓа како одговор на коментарот на британскиот активист Томи Робинсон дека Унгарија „паднала“ и продолжува „уништувањето на Европа“.
