Фото: Принтскрин
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека нема да дозволи неговата земја да биде вовлечена во војна и нема да ѝ дава пари на Украина.
„Поради нашите деца и внуци, мора да му кажеме ‘не’ на Брисел и нашите ривали“, кажа Орбан на почетокот на изборниот ден во Унгарија.
Тој кажа дека со победа на неговите ривали, Унгарија ќе загуби многу и би можела да биде вовлечена во војна.
„Цела Европа оди кон војна, трошоците на семејствата ќе пораснат, ние се бориме да ги заштитиме нашите луѓе“, кажа Орбан,
