Фото: Принтскрин
Денеска се одржаа парламентарните избори во Унгарија, при што Петер Маѓар со партијата Тиса успеа да победи и ќе добие мандат да формира нова влада.
Лидерот на партијата Фидес, Виктор Орбан го призна поразот на изборите и му честиташе на Маѓар за победата.
Конечните резултати допрва треба да бидат објавени, иако веќе е познато дека Тиса ќе биде победник, па голем дел од Унгарците излегоа на улица да прослават.
