Фото: Принтскрин
Црквата „Светиот Гроб“ се наоѓа во Ерусалим и се смета за едно од најсветите места во христијанството. Според верувањата, тука бил погребан Исус Христос пред да воскресне.
Гробот со децении од распаѓање го штити метална конструкција, која ги држи блоковите, а повеќе од два векови бил целосно запечатен, по што научниците првпат го отвориле во 2016 година.
„Со отворањето на гробот, научниците имаа шанса да ја истражат оригиналната подлога на најсветото место“, вели еден од истражувачите.
Кога била тргната мермерната плоча, првите резултати од истражувањето на тимот за конзервација покажале само еден слој материјал.
„Кога го отворивме гробот, инструментите прекинаа да работат“, кажа Антонио Моропол, хемиски инженер на Националнито технички универзитет во Атина.
