Фото: Принтскрин
Снимка од сообраќајката во Нови Пазар, во која настрада 16-годишната Мелека, се појави на социјалните мрежи.
Возач на автомобилот „Голф“, С. М. (24) се обидува со голема брзина да премине бело комбе на полна линија при што удира директно во тротинетот на кој беа тинејџерките.
„Санџак Данас“ на социјалните мрежи ја објави снимката која ја прикажува стравичната сообраќајка.
Според информациите, двете девојчиња се здобиле со тешки повреди по што биле пренесени во болница, каде што едно од нив го загубило животот.
Saibraćajna nesreća u Novom Pazaru! pic.twitter.com/pmzdEzVHhB
— Sandzak Danas (@DanasSandz9154) April 11, 2026
