Фото: Принтскрин
Иран во текот на вчерашниот ден урнал два американски авиони, а тоа го потврди американски функционер за „Ен-Би-Си Њуз“.
Според неговите зборови, биле урнати Ф-15 и А-10, а Иран објави снимка како изгледал ударот врз вториот авион.
САД активира спасувачка мисија со хеликоптери, но и тие биле погодени и неколку војници се полесно повредени.
За снимката нема официјална потврда, но се тврди дека станува збор за ударот на А-10.
WATCH: U.S. A-10 jet shot down by Iranian air defense. pic.twitter.com/tDxqwGiLeU
— Clash Report (@clashreport) April 3, 2026
